Фудбалерите на Партизан со победата против Јанг бојс (2-1) обезбедија место во шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, а на едно коло пред крајот на групната фаза од натпреварувањето, познати се имињата на уште 15-те учесници на доигрувањето.

Во групата Б, покрај Партизан, во следната фаза оди и Динамо Киев, и покрај неочекуваниот пораз од Скендербег во Украина.

Останатите учесници во шеснаесетфиналето на Лигата на Европа се: Зенит (Русија), Вилјареал, Реал Сосиедад (Шпанија), Лацио, Милан, Аталанта (Италија), Ница, Лион (Франција), Естерсунд (Шведска), Салцбург (Австрија), Арсенал (Англија), Стеауа (Романија), Викторија П’лзењ (Чешка) и Брага (Португалија).

Црвена ѕвезда доколку оствари победа против Келн во последното коло (на седми декември), сигурно ќе оди во нокаут-фазата, а во следната рунда може да се пласира и со еден бод, но под услов БАТЕ Борисов во Лондон да не го совлада Арсенал.

Партизан ако триумфира во Киев, ждрепката на шеснаесетфиналето би ја дочекал од првата позиција во неговата група.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:22