Рома и Џенова денеска одиграа 1-1 во натпревар од италијанската Серија А.
Натпреварот го одбележа непромислениот потег на капитенот на Рома, Даниеле де Роси, кој во 68 минута му удри шамар на Џанлука Лападула во својот шеснаесетник, по што беше досуден пенал за домаќините.
Лападула успешно стрелаше од белата точка за да ги постави конечните 1-1, а Де Роси заработи црвен картон со што неговиот тим остана со играч помалку до крајот на натпреварот.
Со овој нерешен резултат, Рома се оддалечи на седум поени од лидерот во лигата Наполи.