Гонзало Игуаин, напаѓачот на Јувентус, ќе го пропушти дербито на 15-тото коло на Серија А против Наполи поради операција на дланката.

Поради тоа, Аргентинецот ќе го избегне непријатното гостување на „Сан Паоло“, каде што поради трансферот од Наполи во Јувентус во 2016 година од идол стана најомразената личност под Везув.

Наполи по 14 одиграни кола, се наоѓа на првата позиција во италијанскиот шампионат со 38 бода, додека Јувентус е трет со четири помалку.

Игуаин е петти стрелец на Серија А со осум погодоци на 13 натпревари во оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 22:42