Гриезман во Атлетико направи трансфер во 2014 година од Реал Сосиедад, а оваа сезона постигна најмалку голови од доаѓањето во Мадрид, само шест.
Антоан Гриезман, најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, побарал од Барселона да ја активира неговата откупна клаузула од сто милиони евра или ќе почнел да преговара со Манчестер јунајтед, пренесува шпанскиот „Дон Балон“.
Гриезман е решен по четири години да го напушти Атлетико, а неговото барање не му се допаднало на тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.
Францускиот репрезентативец е решен по четири години да го напушти Атлетико, а меѓу најсериозните кандидати за негов нов клуб се споменуваат Барселона и Манчестер јунајтед.
Барањето на Гриезман стигнало и до Ернесто Валверде, тренерот на Каталонците, кому не му се допаднал начинот на којшто Французинот ѝ испратил порака на Барселона, туку изјавил дека постојат и други опции за засилувања, а дополнителна причина за сомневање е и искуството со Арда Туран, кој исто така стигна од Атлетико.
Гриезман во Атлетико направи трансфер во 2014 година од Реал Сосиедад, а оваа сезона постигна најмалку голови од доаѓањето во Мадрид, само шест.