Сон Хеунг-мин, фудбалерот на Тотенхем, е прогласен за најдобар играч на Азија во 2017 година.
Сон во трката за најдобар играч на Азија зад себе ги остави австралискиот фудбалер Арон Муј, кој настапува за Хадерсфилд, и Шинџи Кагава, репрезентативецот на Јапонија и фудбалер на Борусија од Дортмунд.
Јужнокорејскиот фудбалер минатата сезона на Тотенхем му помогна да стигне до второто место на табелата во Премиер лигата постигнувајќи 14 голови. Исто така, тој му помогна и на неговиот национален тим по деветти пат да се пласира на Светското првенство.
Сириецот Омар Харбин, фудбалерот на Ал-Ахли, ја освои наградата за најдобар играч во азиската лига, додека за најдобар тренер е избран Такафуми Хори, шефот на стручниот штаб на Урава.