Модриќ имаше проблеми со плаќање даноци и во Велика Британија, додека играше за Тотенхем, и тогаш плати 500.000 евра.

Јавниот обвинител во Мадрид покрена обвинение против Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и првотимец на Реал, поради затајување данок од 870.728 евра во периодот од 2013 до 2014, пренесува „Марка“.

Како што се наведува, износот би можел да биде уште поголем бидејќи е утврдено дека Модриќ има една тајна сметка на островот Мен, меѓу Велика Британија и Ирска, под контрола на британската круна, каде што не се плаќа данок на добивка.

Обвинение е покренато и против сопругата на Модриќ, Вања и нејзината фирма „Ивано САРЛ“, која е основана во Луксембург, а на која Реал ѝ исплатил 1,6 милиони евра во 2013 и во 2014 година за користење маркетиншки права.

Модриќ и Марсело ја продолжуваат низата фудбалери од Шпанија или коишто играле таму, а затаиле данок, како што се: Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Радамел Фалкао, Алексис Санчес, Анхел ди Марија...

Модриќ имаше проблеми со плаќање даноци и во Велика Британија, додека играше за Тотенхем, и тогаш плати 500.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2017 18:57