Џенова ја победи Верона со минимален резултат 1-0 во натпреварот од 15-тото коло на Серија А.

Прволигашот Џенова славеше со 1-0 на гостувањето кај Верона благодарение на голот на нашиот фудбалер Горан Пандев. Тој во 46-тата минута од средбата го постигна неговиот прв погодок за оваа сезона во италијанското првенство, а воедно му донесе три важни бода на неговиот тим, кој игра сè подобро под водство на новиот тренер Давиде Балардини.

Капитенот на репрезентацијата на Македонија на теренот беше сè до 64-тата минута, а потоа отиде на заслужен одмор и на негово место во игра влезе Џанлука Лападула.

По 15 одиграни кола во Серија А, Џенова се проби на 15-тата позиција на табелата со 13 освоени бода, три повеќе од СПАЛ, кој се наоѓа во опасната зона. Верона со девет освоени бода се наоѓа на претпоследното место.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 17:32