Антонио Конте, менаџерот на Челзи, пред дуелот против Атлетико Мадрид од последното коло на групната фаза на Лигата на шампионите изјави дека Мадриѓаните имаат имиџ во тоа натпреварување, но даде коментар и за потенцијалните ривали на „сините“ во нокаут-фазата доколку останат на првото место во групата Ц.

Челзи е прв во групата и таа позиција ќе ја задржи доколку освои макар еден бод во вечерашниот натпревар против Атлетико Мадрид. Во тој случај Рома сигурно ќе биде втора.

„Натпреварот против Атлетико е многу важен бидејќи тие се многу значаен фактор во Лигата на шампионите. Сега постои ризик дека ќе бидат елиминирани и верувам дека ќе играат многу енергично, со голема желба. Без оглед на тоа, мораме да одиграме добар натпревар. На тој начин ќе зацврснеме како екипа и ќе ја надградиме самодовербата. Ние сакаме да останеме први во групата, колку и да е ризично тоа. Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус веројатно ќе бидат втортопласирани тимови, а кој и да ви биде противник од нив, тоа ќе биде многу тежок двомеч во најава“, изјави Конте.

Тој додаде дека кога ќе ги погледнете првопласираните и второпласираните по групната фаза, ќе стане сосема неважно од кое место во групата ќе изборите пласман, важно е само да го изборите. Италијанецот изјави дека смета дека самодовербата сепак е поважна од противникот во нокаут-фазата, па Челзи на неговиот „Стемфорд бриџ“ вечерва, од 20.45 часот сигурно ќе оди на победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 17:32