Единсон Кавани, голгетерот на ПСЖ, изјави дека ќе му биде мило кога ќе го надмине рекордот на Златана Ибрахимовиќ за најдобар стрелец на клубот, за што му се потребни четири погодока.
Кавани и оваа сезона е многу продуктивен, веќе постигна 23 гола во сите натпреварувања и му недостасуваат уште три за да ја стигне бројката 156, колку што даде Ибрахимовиќ во дресот на парискиот клуб.
„Ќе дојде тој момент, да се биде најдобар стрелец на клубот е единствено чувство за секој фудбалер. Сепак, искрено кажано, сите во Париз знаат кој сум и дека најважен ми е колективот. Сконцентриран сум екипата да бележи победи и да освојува трофеи“, изјави Кавани,а пренесува интернет-страницата на УЕФА.
Шанса да се приближи ќе има уште вечерва, на гостувањето кај Баерн од Минхен во последното коло од групата Б во Лигата на шампионите.
Уругваецот на „Паркот на принцовите“ е од 2013 година, кога направи трансфер од Наполи и даде голем придонес во освојувањето на трите шампионски титули на Франција, на трите титули на националниот куп и на четирите во Лига купот.