Меѓународниот олимписки комитет им забрани настап на руските спортисти на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.

Русија е исфрлена од ЗОИ поради систематскиот допинг на Игрите во 2014 на кои беа домаќини во Сочи.

Олимпискиот комитет на Русија ќе мора да плати отштета на ИОК во износ од 15 милиони долари, а тогашниот руски министер за спорт, Виталиј Мутко од Извршниот комитет на ИОК доби доживотна суспензија за се што е поврзано со Олимписките игри.

Забраната сепак, не се однесува за сите руски спортисти. Оние што ќе докажат дека не биле допингувани, исто како и на минатите Летни олимписки игри, ќе можат да учествуваат на ЗОИ 2018 како „неутрални“ спортисти под олимписко знаме.

Зимската Олимпијада следната година ќе се одржи во Пјонгчанг во Јужна Кореја од 9-ти до 25-ти февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2017 02:55