Со парична казна од 10 илјади евра и делумно затворање на стадионот на следниот домашен натпревар на европска сцена е казнет тимот на Зенит од страна на УЕФА.

Казната следува по транспарентот на кој што пишува „Ратко Младиќ – Херој на Србија“ за време на натпреварот од Лига Европа против Вардар одигран на 23 ноември.

Освен за транспарентот, Зенит е казнет и за употребата на пиротехнички средства од страна на нивните наивачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 02:15