Во денешните четвртфинални натпревари на Светското клупско првенство екипите на Пачука од Мексико и Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати изборија пласман во полуфиналето славејќи со по 1:0.

Пачука триумфираше над шампионот на Африка, Видад Казабланка со голот на Виктор Гузман во продолженијата, односно во 111. минута.

Ал Џазира беше поуспешна од првакот на Азија, Урава Редс со голот на Али Мабхут во 51. минута.

Во вторник се игра полуфиналниот натпревар помеѓу Гремио (Јужна Америка) и Пачука, додека во среда европскиот првак Реал Мадрид ќе игра против Ал Џазира.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 02:17