Дербито на Мачестер му припадна на „Граѓаните“ откако денеска славеја против лутиот ривал Јунајтед со 2:1 на гостински терен.

Со оваа победа Манчестер Сити ја продолжи својата победничка серија на 14 победи или вкупно 15 од 16.те одиграни натпревари сезонава во Пермиер лигата.

Гостите поведоа преку голот на Давид Силва во 43. минута, а во судиското продолжение од првото полувреме изедначи Маркус Рашфорд.

Победоносниот гол за Сити го постигна Николас Отаменди во 54. минута.

На другите два дуела од 16. коло од Премиер лигата одиграни попладнево немаше победник и завршија со ист резултат: Ливерпул – Евертон 1:1 и Саутемптон – Арсенал 1:1.

Со оваа победа Манчестер Сити останува на првата позиција на табелата со 46 поени, пред Манчестер Јунајтед со 35. Потоа следат Челзи со 32, Ливерпул со 30, Арсенал 29 и Тотенхем и Барнли со по 28 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:04