Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луиј ван Гал, го критикуваше неговиот наследник на клубот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поради стилот на игра и одбранбениот пристап.

– Во мое време Јунајтед играше доста допадлив фудбал, но таков стил на игра не е доволно ценет во Англија. Сега забележувам дека никој не го критикува Мурињо, иако неговиот фудбал е досаден, рече холандскиот фудбалски стручњак.

Тој повеќе преферира да го гледа Сити отколку Јунајтед токму поради стилот на игра.

– Сити играат офанзивен фудбал каков што сакам јас, додека со Јунајтед тоа не е случај. Доказ е тоа што порано противничките екипи секогаш го паркираа автобусот, а сега не го прават тоа бидејќи Мурињо е премногу одбранбен, потенцира Ван Гал.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2017 13:17