Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, би можело да стане прв чувар на мрежата во историјата вреден сто милиони евра.
Како што тврди шпанскиот „АС“, ПСЖ планира уште во јануари да ја откупи клаузулата и да го доведе во Париз.
Клубот од Париз дел од трансферот на словенечкиот репрезентативец ќе го плати со пари, а дел со играчи, бидејќи во спротивен правец ќе заминат Германецот Кевин Трап, исто така чувар на мрежата, и аргентинскиот играч за врска Хавиер Пасторе.
Облак во Мадрид направи трансфер пред пет години од Бенфика за 16 милиони евра и важи за еден од најдобрите голмани на светот.