Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо изјави дека има желба Реал Мадрид да го ангажира Андре Силва.
Роналдо предложил да се купи неговиот репрезентативен другар доколку Мауро Икарди не сака да дојде во редовите на шпанскиот и европски шампион, пренесува „Диарио спорт“.
Како што се наведува, Икарди е опција број еден за да го заземе местото на Краим Бензема, кој веќе долго време не е во голгетерска форма, но Аргентинецот наводно не сакал да си замине од Интер, па Роналдо го предложил Силва, кој не се снајде најдобро во Милан.
Силва летоска направи трансфер од Порто во Милан за 40 милиони евра, постигна шест гола во Лигата на Европа, но сè уште не успеа да се запише во стрелците во италијанското првенство.