Навивачите на Милан на натпреварот против Верона истакнаа транспарент упатен кон Џанлуиџи Донарума, голманот на „росонерите“, кој поради тоа се расплака.

Милан вчера ја совлада Верона со 3-0 и се пласира во четврт-финалето на Купот, но сликата на расплаканиот Донарума го обиколи светот. Пред натпреварот, 18-годишниот голман на „росонерите“ беше поздравен од навивачите на Милан со погрден натпис, на којшто пишуваше:

„Шест милиони годишно и доаѓање на твојот брат-паразит во клубот? Тоа е психолошко насилство! Заминувај, нашето трпение е при крај“. Донарума тешко ги поднел навредите и пораката, па се расплакал во соблекувалната, каде што го тешеле соиграчите, како капитенот Лонардо Бонучи, а поддршка му дал и тренерот Џенаро Гатузо.

Навивачите на Милан изразиле незадоволство кон голманот по информацијата дека тој му пишал на клубот и тврдел дека потпишал договор под психолошки притисок, како и дека сакал да го напушти Милан како слободен играч.

Донарума летоска го продолжи договорот со Милан, а италијанските медиуми наведуваат дека Рајола и генералниот директор Марко Фазоне работат на излезна клаузула која би требало да изнесува 40 милиони евра, а доколку незадоволството порасне, постои веројатност голманот да си замине уште во јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 15:55