Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, вчера го сруши вечниот рекорд на Премиер лигата и со тоа стана рекордер и во третата лига од петката.
Сити со триумфот над Свонси ја запиша 15-тата победа во низа во шампионатот на Англија и со тоа го сруши Арсенал, кој со години го држеше рекордот со 14 победи.
Според бројот на последователни победи, Гвардиола освен во Англија, доминира и во Германија, како и во Шпанија.
Со Баерн го држи рекордот од 19 последователни победи, додека во Примера лигата со Барселона врза 16 триумфи.
„Можеме да изгубиме, да испуштиме бодови, но да се релаксираме поради самозадоволство – не, тоа ниту претходно не ни се случуваше, а нема ниту во иднина. Да се добијат 15 последователни натпревари во низа нам ни дава многу самодоверба. Ако луѓето се среќни додека нè гледаат, тоа ни е најголемиот подарок“, изјави Шпанецот по победата над Свонси од 4-0 во 17-тото коло на Премиер лигата.