Стрелецот на победоносниот гол за Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство, Герет Бејл, призна дека тој и неговите соиграчи се потсмеваа со голманот на Ал Џезира, Али Хасеиф во почетокот на средбата.
Сепак, чуварот на мрежата им ги затвори устите на ѕвездите на Реал со импресивните одбрани и тој беше најзаслужен за водството на Ал Џазира додека беше во игра.
Во 51. минута поради повреда Хасеиф го напушти натпреварот, а неговата екипа прими два гола до крајот и го загуби натпреварот.
– Сигурно дека е добар голман, иако се мајтапевме со него. Но, тој покажа дека е добар, изјави Бајл по натпреварот во Абу Даби.