Кристијан Пулишиќ, фудбалерот на Борусија од Дортмунд, е именуван за најдобар играч на Соединетите Американски Држави и стана најмлад кој го добил тоа признание.
Пулишиќ во септември наполни 19 години, а претходниот рекорд го држеше Лендон Донован, кој имаше 21 година кога беше избран за најдобар во 2013 година.
Младиот фудбалер доби 94 отсто од гласовите на: играчите на репрезентацијата и членовите на стручниот штаб, тренерите на тимовите во МЛС, некогашните фудбалери, челниците и претставниците на медиумите.
„Никогаш не сум можел да замислам дека ќе бидам во оваа позиција. Им благодарам на сите коишто ме поддржаа и едвај чекам да видам што носи иднината“, изјави Пулишиќ.
Пулишиќ практично беше единствената светла точка на учеството на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави во квалификациите за Светското првенство во Русија наредната година, кое е завршено со дебакл.
Деветнаесетгодишниот фудбалер постигна шест гола и четири асистенции на девет натпревари, а учествуваше во 13 од 17 голови на сите натпревари на националниот тим на коишто играше.