Марек Хамшик, фудбалерот на Наполи, се изедначи со легендарниот Аргентинец Диего Марадона според бројот на постигнати голови за тој италијански клуб.

Наполи го победи Торино со 3-1, а Хамшик постигна еден гол и со тоа дојде до бројката од 115 погодоци во дресот на клубот од Неапол, со што се изедначи со Марадона.

На словачкиот фудбалер за тоа му беа потребни 11 сезони во Наполи, додека Марадона 115 погодоци постигна за седум сезони.

Аргентинецот со Наполи освои две шампионски титули во Серија А, во 1987 и во 1990 година.

Наполи со победата над Торино се врати на првото место на табелата на Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 12:55