Рикардо Кака објави дека завршува со активно играње фудбал.
Таквата одлука беше очекувана откако Кака не остана во Орландо од средината на октомври, кога го одигра последниот натпреварувачки меч за Орландо сити.
Тој неговата одлука ја обелодени за „Глобо“ откако разговарал со неговото семејство.
„Мојата кариера како професионален играч завршува овде. Ми требаше малку време за да размислам и да одлучам во мир. Разговарав со моите блиски луѓе, со родителите, со братот, со девојката и нејзината сестра, со петмина луѓе. Беше време за молитва на Денот на благодарноста и заклучив дека е време да завршам со играњето фудбал“, изјави Кака.
Со Милан освои сè, Лигата на шампионите, Купот на Италија, Светското клупско првенство, а со Реал Мадрид ги подигна трофеите на Купот на Шпанија и на Ла Лига.
„Сега ќе се подготвам за да продолжам со фудбалскиот живот во друга улога. Би сакал да работам како тренер, како спортски директор или да бидам во улога која ги комбинира работите на теренот и во клубот. Милан неодамна ми испрати една понуда, ќе видиме“, додаде Кака.
Бразилецот во текот на кариерата го освои Светското првенство 2002 година, а е последниот кој пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо ја освои Златната топка, на втори декември 2007 година.