Кејлор Навас, голманот на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Костарика, е прогласен за најдобар играч на Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).
На Навас ова му е второ признание за најдобар играч на КОНКАКАФ, бидејќи таа награда ја доби и во 2014 година. Тој минатата година беше прогласен за најдобар голман на КОНКАКАФ.
Костариканецот во трката за најдобар играч оваа година го победи Ирвинг Лозано, фудбалерот на ПСВ и на репрезентацијата на Мексико. Навас во квалификациите за Светското првенство прими само шест гола на седум натпревари.
Навас оваа година со Реал освои: титулата во Примера лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.
Во женска конкуренција наградата ја доби фудбалерката Алекс Морган.