Давид Луиз, одбранбениот играч на Челзи, се препорача себеси како нов играч на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.
Репрезентативецот на Бразил од здравствени причини са наоѓа во најголемиот град на Каталонија, а несогласувањата со Антонио Конте, менаџерот на Челзи, и заминувањето на Хавиер Маскерано, дефанзивниот играч на Барселона, во Кина се клучни причини за трансферот. Давид Луиз се врати во Челзи од ПСЖ на 31-ви август минатата година, ја освои шампионската титула на Англија, но во текот на оваа есен одигра само осум натпревари во Премиер лигата, од кои последниот беше против Борнмут на 28-ми октомври.
На триесетгодишниот стопер договорот со Челзи му истекува во 2019 година, но би можело по втор пат да ги напушти „сините“ доколку Барселона се одлучи на таков чекор.