Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е одлучен во своите редови да го има белгискиот репрезентативец Еден Азар.

Како што пренесоа дел од англиските медиуми, Манчестер подготвува 90 милиони фунти за ангажман на напаѓачот на Челзи.

Интересот на Мурињо за Азар се оценува како сензационален со оглед на влошените нивни односи пред португалскиот тренер да добие отказ во Челзи.

За Азар голем интерес покажува и Реал Мадрид и веќе се појавија шпекулации дека по Мундијалот во Русија тој ќе биде дел од „Кралевите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 16:43