Фудбалерите на Барселона направија огромен чекор кон освојување на трофејот во Шпанија, откако попладнево во големото дерби го совладаа Реал Мадрид на негов терен со 3:0.

Домаќините доминираа во првиот дел од 175. Ел Класико, но Каталонците беа поконкретни во вторите 45 минути.

Луис Суарез во 54. Погоди за водство, Лионел Меси десет минути подоцна од пенал зголеми на 2:0, а во судиското надополнување Видал го постави конечниот резултат.

Сега предноста на Барселона во однос на Реал Мадрид е 14 бода, а пред второпласираниот Атлетико Мадрид девет.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 02:53