Со постигнатиот гол на Лионел Меси на денешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, аргентинецот го надмина постигнувањето на легендарниот германски напаѓач Герд Милер.
Меси сега има 526 постигнати погодоци, со што го престигна Милер кој има 525.
Лидер по голови за еден клуб во Европа е Јозеф Бичан, кој во периодот 1937-1949 постигна 534 гола за Славија Прага.
Светскиот рекорд му припаѓа на Бразилецот Пеле, кој има 643 гола за Сантос.