Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Хавиер Пасторе, призна дека разговорал со претставници на Интер.

– Точно е дека почнав преговори со Интер, но за сега нема ништо конкретно. Уште сме во фаза предлог. Интер е клуб кој многу ми се допаѓа и со радост би се вратил во Италија, ако се случи да го напуштам ПСЖ, рече Пасторе.

Пред три дена тренерот на парижаните Унаи Емери рече дека би бил среќен доколку Пасторе остане во клубот.

Аргентинецот не е задоволен од статусот во ПСЖ, бидејќи нема стандардно место во почетниот состав.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 22:45