Играчот на премиерлигашот Тотенхем, Хари Келн е најдобриот стрелец во „топ 5 лигите“ откако на денешниот дуел со Саутемптон (Тотенхем победи 5:2) беше стрелец на хет-трик. Тој со денешените три голови стигна до бројката од 56 голови во календарската година 2017 и со тоа го мина Лионел Меси.
Воедно тој ја прекина седумгодишната доминација на Меси и на Кристијано Роналдо, кои од 2010 до 2016 година беа најдобри стрелци во „топ 5 лигите“.
Кејн притоа го собори и рекордот на Алан Ширер со постигнати најмногу голови во една календарска година во Премиер лигата – 39.
Претходно Ширер беше најдобар со 36 голови. Кејн воедно е лидер на листата на стрелци во Премиер лигата со 18 голови, или три повеќе од Мохамед Салах од Ливерпул