На најдобриот напаѓач на Премиер лигата му беа потребни само 22 минути денес да влезе во историјата.

Кејн по асистенцијата на Кристијан Ериксен, со глава ја испрати топката во мрежата и со тоа го собори рекордот на Алан Ширер според бројот на голови во една календарска година.

Ширер постигна 36 погодоци во 1995 година настапувајќи за Блекбурн, рекордот траеше 22 години, а денес Кејн го постигна неговиот 37-ми гол во 2017 година.

Само неколку минути подоцна, Кејн го искористи пасот на Сон и од два метра без проблеми погоди за 2-0 и со тоа дојде до неговиот 55-ти погодок во календарската година, престигнувајќи го Лионел Меси.

До крајот на натпреварот со Саутхемптон напаѓачот на Тотенхем го комплетираше својот хет-трик и постави нов рекорд во англиската Премиер лига кој долго време нема да биде соборен.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2017 08:02