Почнувајќи од 2003 година, навивачите на германскиот фудбалски клуб Унион Берлин, на Божик одат на својот стадион и пеат божиќни песни.
Пред 14 години фановите на Унион Берлин, незадоволни од лошите резултати провалија на стадионот и почнаа да пеат со цел барем за момент да заборават на лошата ситуација во клубот.
И годинава околу 30 илјади поддржувачи на Унион Берлин ја продолжија традицијата, без оглед на солидниот пласман (6. место) на нивниот миленик во Втората Бундеслига.