Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека постигнал договор со Саутхемптон за трансфер на Вирџил ван Дајк.
Како што се наведува, „црвените“ постигнале договор и со Саутхемптон и со играчот, така што 26-годишниот Ван Дајк ќе се пресели на „Енфилд роуд“ првиот ден од преодниот рок, на први јануари.
Ливерпул не ги објави деталите на трансферот, а Би-би-си наведува дека Саутхемптон ја прифатил понудата од 75 милиони фунти, па со тоа Ван Дајк ќе стане најскапо платен одбранбен играч во историјата.
Холанѓанецот, кој со Ливерпул беше поврзуван и летоска, во новиот клуб ќе го носи дресот со број четири.
Ван Дајк во кариерата играше уште за Селтик и за Гронинген.