Над 65 проценти од гласачите во анкетата на „Калчомеркато“ се изјасниле навивачите на Милан да го продадат Леонардо Бонучи. По ова прашање околу 34 проценти бараат тој да остане на „Сан Сиро“.
Одбранбениот фудбалер во Милан дојде од Јувентус минатото лето за 40 милиони евра, а набргу потоа стана и капитен на „росо-нерите“.
Сепак, Бонучи не ги прикажува очекуваните игри и затоа се појавија шпекулации з анегова продажба.
Во последните недели се говори дека Бонучи може да биде продаден уште во зимскиот преоден рок. Интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ.