Со почетокот на новата 2018 година почна и преодниот рок, а во првите 24 часа се потрошени 250 милиони долари за најголемите трансфери.

Во центарот на вниманието беше трансферот на Вирџил ван Дајк од Саутхемптон во Ливерпул за рекордни 85 милиони евра за дефанзивен играч.

Втор по ред е Диего Коста од Челзи во Атлетико Мадрид за 66 милиони евра, а трет е враќањето на Сандро Вагнер во Баерн Минхен, кој на Хофенхајм му плати 13 милиони евра.

Четвртиот најскап трансфер го направи Севилја, која од бразилскиот Коринтијанс го доведе Гилјерме Арана, додека на петтата позиција е трансферот на Максимилијано Ромеро од аргентинскиот Велес во холандскиот ПСВ за 10,5 милиони евра.

Останува да се види што следува во текот, а посебно во самиот финиш на преодниот рок, кога често се случуваат рекорди.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 23:29