Натпреварот меѓу лондонските клубови Арсенал и Челзи на „Емирати“ беше фантастичен, посебно во второто полувреме.
Сè до 63-тата минута од натпреварот на „Емирати“, голманите Петер Чех и Тибо Куртуа беа најдобрите на теренот, ги бранеа ударите, па и зицерите на противничките играчи.
Но, прв се предаде Куртуа, кој беше немоќен при силниот и многу прецизен удар на Џек Вилшер. Момчето кое главно беше меѓу резервните играчи на „топчиите“ ја искористи шансата која му ја даде Венгер.
Потоа нападна Челзи. Алваро Мората беше убедливо најлош на теренот, не погоди неколку сигурни шанси.
„Сините“ го искористија подарокот, па Азар изедначи по оправдано досудениот пенал четири минути подоцна.
Во 84-тата минута Алонсо го постигна шестиот гол во сезоната и тогаш се чинеше дека Челзи ќе ги освои сите три бода.
Домаќините не се предаваа, па како награда добија изедначување во 92-рата минута, а стрелец беше дефанзивниот играч Ектор Белерин. Во наредниот напад, Мората повторно излезе очи в очи со Чех, но тој уште еднаш му го скина зицерот.
Антонио Конте очигледно има огромни проблеми, има само еден класичен шпиц, Алваро Мората, кој во последните два натпревари не погоди барем шест-седум зицери.
Тоа наведува на размислување дека шпекулациите од Островот се точни околу тоа дека Италијанецот размислува да го пазари Ричмонд Боачи, центарфорот на Црвена ѕвезда.