Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека повторно не е задоволен од одлуките на главниот судија.

„Топчиите“ ремизираа 2-2 во лондонското дерби со Челзи, а бодот им го донесе Ектор Белерин во 93-тата минута. И покрај тоа, Венгер е незадоволен од одлуката на главниот судија Тејлор, кој му досуди пенал на Челзи, од којшто „сините“ го постигнаа првиот гол.

„Уште еднаш судиите донесоа одлука против нас, така што сега во подготовките за натпреварите мораме да го земеме предвид и тоа дека ќе се сретнуваме со такви работи“, изјави Венгер по натпреварот.

„Не се откажавме, игравме до крај. Прикажавме добра игра. Луѓето сакаат да гледаат вакви натпревари, сите ќе зборуваат за нив, но, за жал, повторно видовме лоши одлуки. Такви работи ни се случуваат постојано“, додаде менаџерот на „топчиите“.

На прашањето на новинарите дали системот ВАР би можело да помогне при носењето деликатни одлуки, Венгер изјави:

„Искрено, не сум премногу оптимист дека ќе се промени што било. Но, сакам да зборувам за играта и за играчите, не за судиите.“ Арсенал по 22 одиграни кола има 39 бодови и се наоѓа на шестото место на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2018 21:17