Во првиот натпревар од осминафиналето на Кралскиот куп победи остварија Реал Мадрид, Леванте и Леганес, додека Барселона одигра нерешено во Виго.

Реал Мадрид беше сигурен на гостувањето кај второлигашот Нумансија и со триумфот од 3-0 практично обезбеди место во следната рунда од натпреварувањето.

Головите за Кралскиот клуб ги постигнаа Герет Бејл во 35-тата минута од пенал, Иско од белата точка во 89-тата и Борха Мајорал во 91-вата минута. На гостите работата им беше олеснета бидејќи Нумансија 60 минути играше без исклучениот Папе Дијаманка.

Во дуелот меѓу членовите на Ла Лига, Леванте во Барселона го совлада Еспањол со 2-1. Домаќините поведоа во 28-мата минута со голот на Морено, изедначи Моралес од пенал во 38-мата, а триумфот на Леванте му го обезбеди Иви во 74-тата минута.

Барселона во Виго ремизираше со Селта 1-1. Тимот на Ернесто Валверде со агресивната игра во нападот стигна до водство во раната фаза на натпреварот.

Прв во листата на стрелците се запиша Хосе во 15-тата минута, по асистенцијата на Гомес.

Селта до изедначувањето дојде во 31-вата минута, со голот на Систо, а потоа во второто полувреме Валверде со тројна измена се обиде да стигне до триумф.

Во 71-вата минута играта ја напушти Паулињо, а го замени хрватскиот фудбалер Иван Ркитиќ.

Дембеле влезе во 72-рата минута, додека само четири минути подоцна Видал го напушти теренот, а во игра влезе и Роберто.

Во другиот натпревар на денот, Леганес на домашен терен славеше против Вилјареал со минимален резултат 1-0 (0-0).

Единствен стрелец на натпреварот беше Амрабат во 49-тата минута, по асистенцијата на Бустинса.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2018 21:37