Челзи од Лондон го доведе првото засилување во јануарскиот преоден рок, стигна офанзивниот играч за врска Рос Баркли од Евертон.
Антонио Конте плати 15 милиони фунти за англискиот репрезентативец за кого до пред неколку години се шпекулираше дека вреди 30, 40, па дури и 50 милиони.
Баркли по 13 години го напушти „Гудисон парк“, а на „Стамфорд бриџ“ доаѓа по седумнаесет месеци пауза поради операцијата на задниот дел на бутниот мускул.
„Тој е многу млад, има доста простор за напредок. Голем талент е за во иднина, тоа е важно да се разбере. Мораме да бидеме трпеливи со него“, изјави Конте.
Баркли на последниот ден од летниот преоден рок одби да направи трансфер во Челзи, но истовремено одби и нов договор со Евертон, бидејќи сакаше налето да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Во Челзи го доби бројот осум, кој претходно го носеа Френк Лампард и Оскар.
„Пресреќен сум што добив шанса за нов старт во клуб каков што е Челзи, изјави 24-годишниот Баркли.
Тој за Евертон дебитираше како тинејџер во 2011 година, а на „Гудисон парк“ стигна уште како момче во 2005. Одигра 150 натпревари во Премиер лигата и постигна 21 гол.
За Англија има 22 настапи, а беше дел од тимот на Светското првенство 2014 година во Бразил. Сега има неколку месеци да се избори за место во селекцијата, која летово ќе настапи во Русија.