Зинедин Зидан го одмори капитенот во натпреварот од Кралскиот куп против Нумансија, а тој следниот ден се повреди на тренинг.

Реал Мадрид потврди дека Серхио Рамос претрпе повреда на петочниот тренинг.

Прегледите потврдија дека се работи за повреда на мускулот на левата нога и првите прогнози се дека ќе мора да паузира две до три седмици.

Рамос тренирал со фудбалерите кои не беа во составот во победата над Нумансија од 3-0 во Купот на кралот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2018 21:37