Англискиот второлигаш Нотингем форест го именуваше Шпанецот Аитор Каранка за нов тренер.

Каранка потпишал договор на две и пол години и на клупата ќе го замени Марк Ворбартон кој по девет месеци во клубот беше отпуштен на 31-ви декември поради лоши резултати.

Четириесет и четиригодишниот Каранка беше без ангажман од март минатата година кога доби отказ во Мидлсборо по низата од 10 натпревари без победа. Дебито ќе го има оваа сабота против Астон вила.

Каранка е десетти тренер на „шумарите“, не сметајќи ги привремените тренери, откако во јуни 2011 година беше отпуштен Били Дејвис. За време на тренерската кариера беше помошник во Реал Мадрид и ја водеше репрезентацијата на Шпанија до 16 години.

Нотингем форест викендов го исфрли бранителот на ФА Купот Арсенал со победата од 4-2.

По 26 кола во англискиот Шампионат е 14-ти на табелата со 32 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2018 23:28