Реал се избори за четврт-финалето на Кралскиот куп, но по победата од 3-0 во гости, резервните играчи во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ не се прославија и со Нумансија одиграа 2-2.
Мадриѓаните поведоа во 11-тата минута, кога Карвахал одлично му ја додаде топката на стрелецот Лукас Васкез.
Гилјермо во 41-вата минута влезе на местото на повредениот Марин и четири минути подоцна изедначи, а Васкез погоди во 59-тата минута за 2-1. Тоа му беше петти гол оваа сезона.
Во 82-рата минута Гилјермо повторно ја затресе мрежата. Одлично скокна над Начо и со глава погоди за 2-2.
Гостите натпреварот го завршија со десетмина играчи бидејќи капитенот Калво беше исклучен во 92-рата минута.
Реал во четврт-финалето им се придружи на Алавес, Леганес, Валенсија и Атлетико Мадрид.