Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во полуфиналето на Лига купот откако со 2-0 го совладаа Амиен.
Амиен до 34-тата минута имаше играч помалку, а „светците“ поведоа дури во 53-тата минута од пенал. Тоа му беше 20-ти гол на најскапиот фудбалер на светот, а изгледа Бразилецот добро одглуми за да се избори за пенал.
Нејмар едвај да имаше контакт со противничкиот играч, но судијата покажа на белата точка.
Бразилецот овој гол го прослави така што копачката ја стави на глава.
Конечниот резултат го постави Рабио во 78-мата минута.
Во останатите натпревари, Рен го елиминира Тулуз со 4-2, а Монпелје со 1-0 славеше против Анжи.