Се оддржа ждрепката за Лигата Д, во која се наоѓа и македонската фудбалска репрезентација, од новоформираната Лига на нациите.
Александар Хлеб, поранешниот белоруски репрезентативец, ги извлече четирите групи во Лигата Д, а Македонија ќе биде носител на четвртата група, во која ќе игра со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар. Според пропорциите на УЕФА, македонските репрезентативци ќе влезат како фаворити во оваа група. Неизвесен би можело да биде само натпреварот со Ерменија, додека против Лихтенштајн и Гибралтар останува улогата фаворит.
Носители во останатите три групи се Азербејџан, Белорусија и Грузија, победниците од четирите групи во Лигата Д ќе спласираат во Лигата Ц.
Што се однесува до врвот, особено ќе биде интересна Групата 1 во Лигата А, каде се репрезентации како Германија, Франција и Холандија.
Лига А
Група 1: Германија, Франција, Холандија
Група 2: Белгија, Швајцарија, Исланд
Група 3: Португалија, Италија, Полска
Група 4: Шпанија, Англија, Хрватска
Лига Б
Група 1: Чешка, Украина, Словачка
Група 2: Турција, Шведска, Русија
Група 3: Северна Ирска, БиХ, Австрија
Група 4: Данска, Ирска, Велс
Лига Ц
Група 1: Израел, Албанија, Шкотска
Група 2: Естонија, Финска, Грција, Унгарија
Група 3: Кипар, Бугарија, Норвешка, Словенија
Група 4: Литванија, Црна Гора, Србија, Романија
Лига Д
Група 1: Грузија, Летонија, Казакстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар
Натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември 2018:
1. коло: 6-8 септември
2. коло: 9-11 септември
3. коло: 11-13 октомври
4. коло: 14-16 октомври
5. коло: 15-17 ноември
6. коло: 18-20 ноември
Завршницата ќе биде на програмата од 5 до 9 јуни 2019, а плеј-оф натпреварите кои ќе носат настап на ЕП ќе се одиграат во март 2020.