Фудбалските клубови Челзи и Рома постигнале договор за трансфер на напаѓачот Един Џеко во лондонскиот клуб, вчера пренесе „Скај Италија“.

Како што се наведува, Челзи сè уште не се договорил со Џеко, а засега е нејасно дали е проблем должината на договорот или неговата вредност, а се шпекулира дека станува збор за минутажата на Џеко во оваа сезона.

Наводно, освен 31-годишниот босански напаѓач, од Рома во Челзи би можело да направи трансфер и Емерсон Палмиери. За нив Челзи би требало да плати 44 милиони фунти, плус 13,2 милиони фунти од бонуси.

Британските медиуми пренесоа дека рамките на договорот Челзи на Рома ѝ го понудил напаѓачот Миши Батшуаји.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 16:32