Триесет и двегодишниот Ласана Дијара за репрезентацијата на Франција одигра вкупно 34 натпревари и беше дел од националниот тим на Европското првенство 2008 година.

Францускиот фудбалер Ласана Дијара е прво засилување на ПСЖ во зимскиот преоден рок, пред два дена со клубот потпиша договор до јуни 2019 година.

Тој во Париз дојде како слободен играч бидејќи го раскина договорот со Ал-Џазира од Обединетите Арапски Емирати.

„Многу сум среќен што потпишав договор со клубот од својот роден град. ПСЖ многу ми значи. Сонот на секој играч е да игра овде. Имав доволно среќа да ми се оствари тој сон“, изјави поранешниот фудбалер на Челзи, Арсенал и Реал Мадрид.

Дијара во новиот клуб ќе го носи дресот со број 19.

Францускиот фудбалер Ласана Дијара е прво засилување на ПСЖ во зимскиот преоден рок, пред два дена со клубот потпиша договор до јуни 2019 година, но повреда го спречи да игра и на шампионатот во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 16:34