Манчестер јунајтед ја продолжи соработката со Жозе Мурињо до 2020, со можност да се продолжи на уште една година.
„Им благодарам на сите во клубот коишто ја препознаа мојата напорна работа и посветеност. Воодушевен сум од тоа што ја имам довербата“, изјави Мурињо за интернет-страницата на клубот и додаде дека е многу горд што е менаџер на Јунајтед.
Претходниот договор на 34-годишниот тренер од Португалија му истекуваше летото 2019 година, а Мурињо во текот на минатото лето изјавуваше дека можеби нема да има продолжувања. Оваа сезона на „црвените ѓаволи“ им тргна подобро, па продолжувањето на соработката дојде како последица на тоа.
Јунајтед оваа сезона, по 24 одиграни кола, се наоѓа на второто место на табелата на Премиер лигата со 53 бода, 12 помалку од градскиот ривал Манчестер сити.
Мурињо во мај 2016 година го замени Луис ван Хал, а во неговата прва сезона со англискиот клуб ја освои Лигата на Европа.