Премиерлигашот Челзи е подготвен да му понуди договор на Един Џеко до 2019 година и плата од 4,5 милиони евра годишно, додека боснскиот репрезентативец бара потпишана соработка до 2021 година и плата од 5,5 милиони.
Според „Тајмс“ во Челзи се решени да ги завршат преговорите со италијанскиот клуб во најкраток временски период.
Во случај да не успее трансферот на Џеко, Челзи ќе се насочи кон други фудбалери во јануарскиот преоден рок кој истекува за два дена.