Голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг, е пред комплетирање на трансферот во Арсенал вреден 68 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Преговорите на клубовите се во завршна фаза, а брзоногиот Габонец веќе ги договорил личните услови со Арсенал со што ќе стане најскапо платен фудбалер во историјата на клубот.

Борусија Дортмунд ја одбила првата понуда од 58 милиони за Обамејанг и барала десет милиони повеќе, што „топчиите“ го прифатиле.

Доаѓањето на Обамејанг во Арсенал значи дека Оливие Жиру би можело да стане вишок во клубот, а тоа сака да го искористи градскиот ривал Челзи.

Обамејанг постигна дури 141 гол за неполни пет сезони на „Вестфален“ и во Лондон доаѓа како замена за Алексис Санчес кој пред една недела го засили Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2018 16:49