Даниел Стариџ, фудбалерот на Ливерпул, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Вест Бромич албион, соопшти клубот од Бирмингам.
Англискиот напаѓач оваа сезона за Ливерпул одигра 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола, но нема настапувано уште од почетокот на декември, кога играше во натпреварот против Спартак од Москва во Лигата на шампионите.
За Стариџ, кој за пет години во Ливерпул настапи 98 пати и постигна 48 гола, долго време беа заинтересирани Интер и Севилја, а во последно време се споменуваше и Њукалс, но тој отиде во Вест Бромич албион.
Стариџ ги помина младите селекции на Ковентри и на Манчестер сити, за чиј прв тим дебитираше во 2008 година, а подоцна настапуваше за Болтон и за Челзи, за кого во сезоната 2011/12 ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Англија играше 28 пати и постигна осум гола.