Германскиот фудбалски клуб Штутгарт денес за нов тренер го именуваше Тајфун Коркут.
Четириесет и тригодишниот Коркут потпиша договор до летото 2019 година и денес ќе го има првиот тренинг со екипата.
Тој на клупата го замени Ханес Волф, кој беше отпуштен во неделата поради лошите резултати, еден ден по поразот од Шалке со 2-0.
Тоа беше шести пораз на Штутгарт во последните седум првенствени натпревари, а екипата се наоѓа на три бода од зоната за испаѓање.
Коркут минатата сезона го предводеше Баер Леверкузен, кој шампионатот го заврши во долниот дел на табелата.
Тој работеше уште во Кајзерслаутерн и во Хановер.